Свети Димитриј – главна селска црква во селото Груништа.
Местоположба Црквата се наоѓа на неколку стотина метри северно од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја Црквата била изградена во 1860, а била обновена во 1926 година. Познато е дека месното население на неколку наврати претходно се обидувало да ја изгради, но отоманските власти ја попречувале изградбата.„Груништа “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има квадратна ниша со фреска на Свети Димитриј во лоша состојба. Објектот е граден од варовник и во целост е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и е изградена од камен. Во горниот дел од селските гробишта има над 50 гробови на српски војници кои загинале во текот на Првата светска војна, а низ селото исто така има уште десетина српски гробови со надгробни споменици. Во гробиштата е погребан и бугарскиот генерал Климент Џеров.
Галерија
Поврзано Грунишки манастир Црква „Св. Петка“ - Груништа Груништа Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Груништа Груништа