Снежана Киселичка (р. година во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Филмографија Киселичка ги остварила филмските улоги: Година Филм Улога Канал 1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм Партизан 1975 Прва вечер ТВ-филм 1982 Едно лето ТВ-серија ТВ Скопје 1982 Јужна патека ТВ-филм Жената 1985-1986 Македонски народни приказни ТВ-серија МТВ 1 1987-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија МТВ 1 1990 До, ре, ми ТВ-серија Сосетка ТВ Скопје 1990-1992 Тврдкорни ТВ-серија МТВ 1 1992 Еурека ТВ-серија МТВ 1 1993-1997 Македонски народни приказни ТВ-серија МТВ 1 2000 Погрешно време ТВ-серија Жана МТВ 1 2002 Наше маало ТВ-серија Скај ТВ 2006-2009 Македонски стари приказни ТВ-серија ТВ Морис 2008 Куќен совет ТВ-серија Сител ТВ 2010-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 1 2014-2015 Приказни од животот ТВ-серија Вера Алфа ТВ 2015 Цимери ТВ-серија Цена Алфа ТВ 2015 Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 1 2016 Исклучиво жолти лалиња ТВ-филм Бабата 2017 Македонски стари приказни ТВ-серија Сител ТВ 2018 Мејкинг оф ТВ-филм Билјана 2024-2025 Македонски стари приказни ТВ-серија Сител ТВ
Животопис Киселичка дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, како првата генерација дипломирани глумци заедно со: Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска, Петре Арсовски, Лилјана Велјанова, Ацо Дуковски и Љупчо Петрушевски. Во 1973 година, таа се вработила во Македонски народен театар во Скопје и останала сè до нејзиното пензионирање во 2012 година. Таа е препознатлив лик од серијата „Македонски народни приказни“.
Нејзината ќерка Дубравка Киселички, и нејзината внука Пируника Киселички се исто така глумици.
Таа своите пензионерски денови ги поминува и ужива над градот Охрид, во село Велестово.
Театарски претстави
Авдотја, во „Децата на сонцето", од Максим Горки, р. Илија Милчин, МНТ (1973). Хор, во „Славата и смртта на Хоакин Муриета", од Пабло Неруда, р. Владимир Милчин, МНТ (1976). Јован, во „Алексијада", од Богомил Ѓузел, р. Владимир Милчин, МНТ (1978). Алтернација, во „Бесови", од Албер Ками, р. Илија Милчин, МНТ (1978). Селанка, во „Чорбаџи Теодос", од Васил Иљоски, р. Ацо Алексов, МНТ (1978). Дуњашка, во „Женидба", од Н. В. Гогољ, р. Бранко Ставрев, МНТ (1979). Хор, во „Милион маченици", од Ристо Крле, р. Петре Прличко, МНТ (1980). Ќерката, во „Череп", од Назим Хикмет, р. Кемал Лила, МНТ (1980). Алтернација, во „Метаморфоза", од Франц Кафка, р. Душан Наумовски, МНТ (1982). Шпринце, во „Свирач на покривот", од Џери Бок, р. Владо Штефанчиќ, МНТ (1983). Доли пудла, во „Воена тајна", од Душан Јовановиќ, р. Душан Наумовски, МНТ (1984). Снегулка Снеголика, во „Сказна за сказните", од Афродита Кирјаковска, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје (1985). Слабата жена, „Гуштерица", од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ (1986). Анушка, во „Денови од нашиот живот", од Леонид Андреев, р. Васил Христов. МНТ (1989). Џуџето, во „Рекламна бајка", од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, МНТ (1989). „Вртимушка", од Афродита Кирјаковска, р. Афродита Кирјаковска, МНТ (1990). Алтернација, во „Зора на истокот", од Гордан Михиќ, р. Ацо Алексов, МНТ (1991). Сестра, во „Бунт во домот за старци", од Венко Андоновски, р. Бранко Ставрев, МНТ (1994). Селанка, во „Македонска крвава свадба", од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ (1995). Третата госпоѓа, во „Жени во народно собрание", од Аристофан, р. Димитрие Османли, МНТ, (2004). Суфлер, во „Близок град", р. Миодраг Маѓар, МНТ (2006). Болничарка, во „Мара/Сад", од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ (2008). Хор, во „Троил и Кресида", од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ (2010).
Наводи
Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје