Историскиот парк Ајутаја ( (изговор )) ― историски парк кој ги опфаќа урнатините на стариот град Ајутаја, покраината Пра Након Си Ајутаја, Тајланд. Градот Ајутаја бил основан од кралот Раматибоди I во 1351 година, иако веројатно е значително постар, врз основа на докази кои покажуваат дека областа веќе била населена за време на периодот мон дваравати. Изворите понатаму споменуваат дека околу 850 година од нашата ера, Кмерите ја зазеле областа и воспоставиле упориште таму, именувајќи го Ајодја по еден од најсветите хиндуски градови во Индија со истото име. Раната историја на Ајутаја е поврзана со оваа кмерска населба. Дополнително, принцот Дамронг исто така посведочил за постоењето на град по име Ајодја, основан од Кмерите владеејќи од Лопбури на местото каде што се спојуваат трите реки. Ископувачката карта покажува траги од антички барај (резервоар за вода) блиску до југозападниот врв на Ват/Уат Јај Чај Монгкон, кој можел да биде изграден на поранешен важен кмерски храмски комплекс.

Градот бил заземен од Бурманците во 1569 година. Иако не бил опљачкан, изгубил „многу вредни и уметнички предмети“.Chakrabongse, C., 1960, Lords of Life, London: Alvin Redman Limited Тој бил главен град на земјата до неговото уништување од бурманската војска во 1767 година.

Во 1969 година, Одделот за ликовни уметности на Тајланд започна со реновирање на урнатините, зголемувајќи го проектот откако наоѓалиштето било прогласена за историски парк во 1976 година. Дел од паркот е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО во 1991 година.

Места во паркот

Ват Чајватанарам Ват Касатратираџ Ват Куди Дао Ват Локајасутарам Ват Махатат Ват Фанан Чоенг Вихарн Фра Монгхон Бопит Ват Пра Рам Ват Пра Сри Санпет Ват Рачабурана, Ајутаја Ват Јај Чај Монгкон Пра Чеди Суријотај Историски студиски центар Ајутаја Јапонско село Ват Пу Као Танг Слоновски камп

Галерија

Поврзано

Ајутаја (кралство) Ајутаја (град)

Белешки

Градот бил основан во петок, шестиот ден по млада мечесина во петтиот месец, 1893 година б.е., одговорајќи на петок, 4 март 1351 година н.е., според пресметките на Одделот за ликовни уметности на Тајланд.

Наводи

Надворешни врски

Управа за тајландски туризам: службена страница на Историскиот парк Ајутаја Ayutthaya.net: Знаменистости во Ајутаја УНЕСКО: Ајутаја

Категорија:Светско наследство во Тајланд Категорија:Појавено во 1976 година во Мјанмар Категорија:Паркови во Тајланд Категорија:Археолошки наоѓалишта во Тајланд Категорија:Историја на Тајланд