Лозје — археолошко наоѓалиште кај скопското село Блаце, Општина Чучер-Сандево. Претставува осамен наод од римско време.

При земјоделските работи е пронајдена надгробна плоча со латински натпис. Во фронтонот има релјефна претстава на задушна гозба. Според сознание од 1996 г. споменикот се наоѓа на местото каде што е пронајден.

Поврзано Барда — осамен наод од римското време Св. Ѓорѓи — осамен наод од римското време

Наводи