Ананес () (понекогаш наречени Карпи Ананес) ― група од 7 мали ненаселени островчиња во Егејското Море во Грција, на периферијата на островската група Киклади. Тие се наредени во облик на полумесечина од југозапад кон север и ги опфаќаат најјугозападните острови на Кикладите. Најблиските острови се Милос и Антимилос на североисток и Фалконера на северозапад.
Островите, заедно со блиските слично ненаселени Велопула и Фалконера се заштитени подрачја под мрежата Натура 2000.
Најголемиот остров од групата опфаќа повеќе од половина од вкупната површина, на 0.096 км2. Двата преостанати поголеми острови се 0.018 км2 и 0.011 км2 соодветно, при што четирите преостанати островчиња и карпи придонесуваат со преостанатите 2,400 км2.
Наводи
Категорија:Киклади Категорија:Острови во Грција Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Егејски Острови