Сушица или Бавчи — археолошко наоѓалиште во виничкото село Виничка Кршла. Претставува населба и некропола од римското време. На просторот помеѓу наоѓалиштата Градиште 2 и Вршник, во ниви се среќаваат делови од керамички садови, питоси и градежен материјал. На источниот дел од неселбата биле пронајдени гробови градени од камени плочи. Според кажувањето на сопственикот, биле пронаоѓани и монети.
Поврзано Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време; Вршник — могила од римското време; Градиште 1 — некропола и тумули од железното време; Градиште 2 — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време; Ѓафурски Лозја — населба од римското време; Кршлански Гумења — некропола од железното време; Могила — населба и могила од римското време; Русалски Гробишта — некропола од железното време; Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време. Виничка Кршла Список на средновековни некрополи во Македонија
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Виница Категорија:Виничка Кршла