Дијана Е. Х. Расел (6 ноември 1938 – 28 јули 2020 година) Diana Russell била феминистичка писателка и активистка. Родена и израсната во Кејптаун, Јужна Африка, таа се преселила во Англија во 1957 година, а потоа во САД во 1961 година. Во изминатите 45 години таа била ангажирана во истражување за сексуално насилство врз жени и девојчиња. Има напишано голем број книги и статии за силување, вклучително и брачно силување, Фемицид, инцест, мизогини убиства на жени и порнографија. За Тајната траума, таа била ко-примател на наградата К. Врајт Милс во 1986 година. Исто така била добитник на наградата хуманистичка хероина во 2001 година од Американската хуманистичка асоцијација. Таа исто така била организатор на Првиот меѓународен трибунал за злосторства против жените, во Брисел во март 1976 година.Russell, Diana E. H. Dangerous Relationships: Pornography, Misogyny, and Rape, Sage Publications, 1998, , p 205

Ран живот Расел е родена и израсната во Кејптаун, Јужна Африка, близнак и четврто од шесте деца на татко Јужноафриканец, Џејмс Хамилтон Расел, и мајка Британка, Кетлин Мери (моминско Гибсон) Расел. Таа присуствува во женското училиште Хершел, англикански интернат за девојчиња. По завршувањето на дипломирањето по психологија на Универзитетот во Кејптаун, на 19-годишна возраст, Расел заминала во Британија.

Во Британија се запишала на постдипломски студии по општествени науки и администрација на Лондонската школа за економија и политички науки. Во 1961 година ја положила дипломата со пофалби и ја добила наградата за најдобар студент во програмата. Таа се преселила во Соединетите Американски Држави, во 1963 година, каде што била примена на интердисциплинарна докторска програма на Универзитетот Харвард. Нејзиното истражување се фокусирало на социологијата и проучувањето на револуцијата.

Радикалниот активизам на Расел започнал со нејзиното учество во движењето против апартхејдот во Јужна Африка. Во 1963 година, Расел се приклучила на Либералната партија на Јужна Африка, основана од Алан Патон, авторот на „Оплакувај ја саканата земја“ . Додека учествувала на мирен протест во Кејптаун, Расел била уапсена со други членови на партијата. Дошла до заклучок дека ненасилните стратегии се залудни против бруталното насилство и репресијата на бело Африканерската полициска држава. Потоа, таа се приклучила на Африканското движење на отпорот (АРМ), подземно револуционерно движење кое се борело против апартхејдот во Јужна Африка. Основната стратегија на АРМ била бомбардирање и саботажа на владиниот имот, и иако Расел била само периферна припадничка на АРМ, таа сепак ризикувала 10-годишна затворска казна доколку биде фатена. Анализата на Расел за стратегии и тактики за општествени и политички промени е детално опишана во нејзината книга „ Бунт, револуција и вооружени сили: компаративна студија на петнаесет земји со посебен акцент на Куба и Јужна Африка“ (1974).

Истражување и пишувања за силување и сексуална злоупотреба Силувањето и другите облици на сексуална експлоатација и злоупотреба на жените од страна на мажите се еден од основните фокуси на истражувањето и пишувањата на Расел. Во нејзината книга, Политиката на силувањето (1975), Расел сугерира дека силувањето е приказ на општествено дефинирани перцепции за мажественост наместо девијантно социјално однесување. Нејзини други книги од оваа област се Силување во брак (1982), Сексуална експлоатација: силување, сексуална злоупотреба на деца и вознемирување на работното место (1984). Во 1986 година, Расел ја објавила Тајната траума: инцест во животот на девојките и жените (1986). Тоа е едно од првите научно-истражувачки студии за инцестуозна сексуална злоупотреба кое е објавено. За неа ја добила наградата К. Врајт Милс во 1986 година. Во 1993 година, таа уредувала антологија за порнографија, Правејќи го насилството секси: феминистички погледи на порнографијата. Нејзината книга од 1994 година, Против порнографијата: доказите за штетата, која вклучува 100 порнографски фотографии, е студија која утврдува како порнографијата ги поттикнува мажите на силување и води до зголемени инциденти на силување.

Организирање на Првиот меѓународен трибунал за злосторства против жените Расел лобирала други феминистки веќе две години и на крајот била успешна во организирањето на првиот Меѓународен трибунал за злосторства против жените во Брисел, Белгија, во 1976 година. На конференцијата која траела четири дена, на која поединечни жени од различни земји сведочеле за нивните лични искуства од различни форми на насилство и угнетување поради нивниот пол, присуствуваа 2.000 жени од 40 земји. До вториот ден се распаднала катастрофалмо, бидејќи „радикалните активисти ја напаѓаа сцената еден по друг во импровизиран слободен пад“.On "Femicide", newrepublic.com; accessed 1 June 2015.

Симон де Бовоар во својот воведен говор пред Трибуналот рече: „Го поздравувам Меѓународниот трибунал како почеток на радикалната деколонизација на жените“. Подоцна, белгиската феминистка Никол Ван де Вен го документира настанот во книгата „ Злосторства против жените: Постапките на Меѓународниот трибунал“ (1976).

Редефинирање и политизирање на „фемицидот“ Во 1976 година Расел го редефинира „фемицидот“, како „убиство на жени од мажи затоа што се жени“. На Меѓународниот трибунал за злосторства против жените, таа сведочи за бројни примери на смртоносни форми на машко насилство врз жените и девојчињата од различни култури ширум светот. Намерата на Расел била да го политизира терминот и да го привлече вниманието на мизогинијата што ги предизвикува овие смртоносни злосторства врз жените, за кои таа рече дека родово-неутралните термини како убиството не го прават. Расел, која била збунета поради недостатокот на одговор на женските групи во Соединетите Држави на употребата на терминот „фемицид“ продолжи да се залага за употреба на „фемицид“ за женските групи во Соединетите држави и ширум светот. Таа објасни дека за да се справиме со овие екстремни злосторства врз жените, неопходно е да се признае дека како и злосторствата од омраза врз основа на раса, „фемицидите се [исто така] смртоносни злосторства од омраза“, и дека повеќето убиства на жени од мажи се „екстремни манифестации на машка доминација и сексизам“.

Во 1993 година, Расел иницира организација наречена Жени обединети против инцестот, која ги поддржува преживеаните од инцест со правна помош против нивните сторители. Слично на тоа, таа ја создава првата ТВ програма во Јужна Африка каде што преживеаните од инцест зборуваат лично за нивните искуства.

Феминистичките движења во многу земји во Латинска Америка, како во Мексико, Гватемала, Костарика, Чиле и Ел Салвадор, меѓу другите, ја прифатија употребата на политизираниот „фемицид“ на Расел и успешно го искористија социјално, политички и легално за да се справат со смртоносното насилство против жените во нивните земји. Во 1992 година, таа ја ко-уредува антологијата, Фемицид: Политиката на убиства на жени.

Друго Во 1977 година, Расел постанала соработничка на Женскиот институт за слобода на печатот. Институтот е американска непрофитна издавачка организација. Организацијата работи на зголемување на комуникацијата меѓу жените и поврзување на јавноста со форми на медиуми базирани на жени.

Дела

Книги

Conference proceedings.

Front cover.

Поглавја во книги

Pdf.

Исто така види: „ Неверојатниот случај на отпечатоците на Stack o' Wheat “ од Ники Крафт стр. 327-331. „ Доказ за болка “ од DA Clarke стр. 331–336. „ Дивеењето против Пентхаус “ од Мелиса Фарли стр. 339–345.

Series editors: Mary E. Odom and Jody Clay-Warner.

Наводи

Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Родени во 1938 година Категорија:Жени активисти Категорија:Жени Категорија:Феминистки