Св. Никола — православна манастирска црква во кумановското село К’шање, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена во 1853 г. врз темели на храм од XIII - XIV век. Во неа се влегува по скали нагоре, што е реткост за црквите градени во турско време. Натписот на западната страна ги содржи имињата на ктиторите — Ѓорѓи Котарин, поп Ѓорѓи Мулин, Ѓорѓи Прокупов, Петко Дервиш и Симеон Котарин Устабашијата. Претставува еднокорабна градба со калкански покрив и полукружна апсида. На западната и делумно на јужната страна има отворен трем. Изградена е од камен и тули користени за лажните лакови над прозорците, слешата ниша под покривот, како и околу камената розета и крстовите.
Храмот е насликан во 1904 г. од прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.
Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кривопаланечко архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Опила Категорија:Дела на Дебарската школа