мини|Томас Свенсон Томас Рунар Свенсон (15 февруари 1968) е шведски пензиониран ракометен голман кој моментално е тренер на голманите на шведскатата машка ракометна репрезентација и помошник тренер на тимот на РК Барселона.

Кариера Како дете растел во градот Ескилстуна, што било сосема природно за него да игра за градскиот ракометен тим Гуиф, и за кратко време бил трансфериран во првиот сениорски тим, започнувајќи да игра во шведската прва лига и тоа на 15годишна возраст. Во 1988 година, на 20годишна возраст, го одиграл својот прв натпревар за Шведска, а во 1990 година бил еден од главните играчи во државната репрезентација кој го освоил Светското првенство во Чехословачка.Овој успех му донел договор со тимот на Атлетико Мадрид во лигата на Шпанија каде играл извесен период пред да се пресели во РК Бидасоа. Со овој тим тој го освоил својот прв шампионски трофеј на државата Шпанија во 1995 година. Веднаш по ова, тој се преселил да игра во тимот Барселона каде останал неколку сезони, помагајќи му на тимот да стане најдобриот ракометен тим во светот, освојувајќи речиси сè што може да се освои - вклучително и меѓународните натпревари како Лигата на шампионите на ЕХФ и Трофејот на шампиони за мажи на ЕХФ, а потоа и шпанските првенства како што се АСОБАЛ лигата и Купот Дел Реи де Балонмано. Свенсон подоцна се преселил во Германија во тимот на ХСВ Хамбург и тоа на кратко пред да се врати во Шпанија, овој пат за да игра за Портланд Сан Антонио. На 8 мај 2012 година, Свенсон официјално го објавил своето пензионирање како играч.

Свенсон се пензионирал (Шведски)

По неговата играчка кариера, тој работел заедно со исландскиот тренер Гудмундур Гудмундсон, прво како тренер на голмани со германскиот супер тим на Рајн-Некар Ловен, а подоцна и како помошник тренер на машката репрезентација на Данска. Во 2018 година станал тренер на голманите на исландската ракометна репрезентација. Од 2014 до 2021 година тој бил вклучен во германскиот тим СЦ Магдебург, и како главен тренер и како тренер на голманите.

Во 2021 година станал тренер на голмани за машката репрезентација на Шведска. Исто така, било објавено дека тој ќе биде помошник на тренерот во РК Барселона од сезоната 2021/22.

Клубови каде што играл

Ескилстуна ГУИФ Атлетико Мадрид БМ ЦД Бидасоа Барселона ХСФ Хамбург Портланд Сан Антонио Певаферса Ваљадолид Рајн Некар Левен

Тренерски тимови

Рајн Некар Левен, тренер на голамани (2011–2012) Рајн Некар Левен, асистент на тренер (2012–2014) Дански национален машки ракометен тим, тренер на голмани (2014–2016) СЦ Магдебург, тренер на голмани (2014–2015) СЦ Магдебург, главен тренер (2015–2016) СЦ Магдебург, тренер на голмани(2016–2021) Исландски национален машки ракометен тим, тренер на голмани (2018–2021) Ескилстуна Гуиф, тренер на голмани (2019–) Шведски национален ракометен машки тим тренер на голмани (2021–) РК Барселона, асистент на тренер (2021–)

Преглед на успеси

Натпревари/голови: 327/0 (1988–2008) Светски шампион во1990 (во Прага, Чехословачка ) и во 1999 година (во Каиро, Египет ) Европски шампион 1994, 2000 и 2002 година Второ место на Светскиот првенство во 2001 година Трето место на Светските првенства во 1993 и 1995 година Учествувал на три Летни олимписки игри и тоа во Барселона (1992), Атланта (1996) и Сиднеј (2000) 6 последователни титули на ЕХФ Лигата на шампионите од 1995 до 2000 и од 1996 до 2000 со тимот на ФК Барселона) Голман на селекција на Лигата на шампионите на ЕХФ во 2013 година

Авионска несреќа Во 1991 година, Свенсон, заедно со неговата тогашна девојка, ја преживеале авионската несреќа на летот 751 на Скандинавијан Еирлајнес во местото Готрера, Шведска.http://www.aftonbladet.se/nyheter/article10639865.abhttp://www.svd.se/ingen-vanlig-svensson-i-malet

Личен живот Свенсон се преселил во Шпанија откако започнал да работи во Барселона и се оженил со Шпањолка. Неговиот син, Макс Свенсон, е професионален фудбалер. Тој е вујко по таткова линија на познатата Маја Аскаг.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари на РК Барселона Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Шведска Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Шведски ракометари