Ѓорги Димовски-Цолев (, – , )Почина Ѓорги Димовски-Цолев на Daily Macedonia – македонски историчар и педагог.

Животопис Роден е во 1929 година во село Горно Српци, Битолско. Основно и средно образование завршил во Битола, а потоа завршил Филозофски факултет, група историја, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Целиот свој работен век го поминал како професор по историја во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ и на Педагошката академија образувајќи и воспитувајќи бројни генерации средношколци и студенти. Како професор практичар работел на пишување учебници за VII одделение и II клас како соавтор. Паралелно со образовно-воспитната дејност го истражувал, проучувал и публикувал минатото на Битола и Битолско. Со свои трудови учествувал на повеќе научни собири и истите ги публикувал. Покрај научните трудови публикува хроники, монографии и библиографии. Трудовите се објавени во стручни и научни списанија, зборници од симпозиуми.

Награди Како автор на повеќе од 100 труда, за својата долгогодишна работа ги добил наградите: Награда „4 Ноември“ за научна дејност Награда „Св. Климент Охридски“ Награда „4 Ноември“ за животно дело (2007)

Библиографија „Документи за работата на ПО и НОО - Битола“ (1964); „Битолските училишта до 1918 г. со посебен осврт на Гимназијата до 1945 година“ (1965); „Писма - документи на француските католички мисионери во Битола 1908-1939“ (1967); „Ѓорги Сугарев - живот и дело“ (1968); „Обвинителни акти од време на окупацијата“ (1975) „Илинден и илинденските традиции“ (съавтор, 1975); „Стеван Наумов-Стив“ (1977); „Библиографија на статии и книги за НОВ и НР во Битола и Битолско - 1944-1974“ (1978); „Непокорени“ (соавтор, 1982); „Документи за оштетувањето и грабежите на цркви и манастири во Македонија во време на Првата светска војна“ (соавтор, 1985); „Спомен обележја во Битола и Битолско“ (1987); „Трајан Белев-Гоце“ (1987); ; „Библиографија на издавачката дејност на ДНУ - Битола - 1960-1990“ (1990); „Битолските Евреи“; „Стремежите и борбата на битолското граѓанство за еманципација од патријаршиската доминација во црковно-училишниот домен“; „Свештенството во Илинден 1903 во Битолскиот револуционерен округ“.

Наводи

Категорија:Македонски педагози Категорија:Македонски историчари Категорија:Членови на Македонското научно друштво - Битола Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“