мини|Самуел Арментерос Кристијано Самуел Арментерос Нуњес Мендоса (27 мај 1990), познат како Самуел Арментерос, е шведски фудбалер кој игра на позицијата напаѓач.

Клупска кариера Роден во местото Мастугет, Гетеборг, Шведска, од татко по потекло кубанец и мајка швеѓанка, Арментерос се преселил во Холандија на 16-годишна возраст за да се приклучи на младинскиот тим СЦ Херенфен и успеал да влезе во првиот тим под водство на главниот тренер Гертјан Вербек. Тој бил постепено ослободен од тимот на Херенфен во 2009 година. Подоцна избрал да му се придружи на тренерот Вербек во тимот Хераклес Алмело, каде што се докажал како доста надежен напаѓач. Тој успеал да ги постигне своите први голови во Ередивизијата (холандската лига).

Во септември 2015 година, Арментерос потпишал двегодишен договор со актуелниот шампион во Премиер лигата на Азербејџан, ФК Карабаг.

На 29 август 2016 година, Арментерос се вратил во Хераклес Алмело, потпишувајќи едногодишен договор со клубот.

Беневенто На 30 август 2017 година, Арментерос потпишал договор со тимот од Серија А, Беневенто. Арментерос долго се мачел во Беневенто, добивал мала минутажа и барал веднаш нов трансфер уште во јануари 2018 година. Пред да замине за Беневенто во август, тој одиграл 45 минути за Б тимот на Хераклес додека се опоравувал од повредата, што значи дека тој официјално играл во тој период за две екипи од календарот на лигата за период есен-пролет. Според правилата на ФИФА, тој подоцна не можел да игра за трета екипа што го користела тој календар.За секој евентуален трансфер ќе треба да оди во некоја друга лига каде се игра според календарот во терминот од пролет до есен.We spraken Samuel Armenteros over Portland en zijn vriendschap met Romelu Lukaku vice.com

Позајмица на Портланд Тимберс Во февруари 2018 година, Арментерос бил позајмен од Беневенто на Портланд Тимберс од Мејџор Лигата на фудбал (МЛС).https://www.timbers.com/post/2018/02/09/timbers-acquire-forward-samuel-armenteros Тој го постигнал голот на седмицата во МЛС лигата и тоа двапати по ред во месец мај 2018 година. Неговиот договор за позајмица истекол на 31 декември 2018 година и тој се вратил во тимот на Беневенто.

Позајмица на Кротоне На 30 јануари 2020 година, тој му се приклучил на тимот на Кротоне како позајмица од Бевененто.

Фуџаира На 5 октомври 2020 година, Арментерос потпишал да игра во емиратскиот клуб Фуџаира (Обединети Арапски Емирати).

Меѓународна кариера Арментерос играл за шведските У17 за играчи до 17 години, У19 за играчи до 19 години и У21 за играчи до 21 година и тоа вкупно 18 пати. Тој го одиграл својот прв натпревар на меѓународно ниво за тимот на Шведска на 13 јуни 2017 година во пријателскиот натпревар против Норвешка, кој завршил со нерешен резултат од 1:1. Тој, исто така, на тој натпревар го постигнал својот прв гол и тоа по 13 минути откако влегол како замена на играчот Џон Гвидети.

Арментерос за прв пат заиграл на еден официјален натпревар од натпреварувачки карактер за Шведска на 31 август 2017 година во квалификациите за Светското првенство за ФИФА во 2018 против тимот на Бугарија. Тогаш тој влегол во игра во 82ра минута како замена заЈакоб Јохансон во 82ра минута, но натпреварот за жал завршил со пораз од 2-3.

Личен живот Арментирос е оден во Шведска. Тој има афро-кубанско потекло.

Статистика за кариерата

Од одигран натпревар 31 јули 2020 КлубСезонаНатпревари во ЛигаНатпревари во КупЕвропаДруги натпревариВкупноДивизијаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиХераклес Алмело2009–10Холандска лига15300––1532010–11Холандска лига341010––35102011–12Холандска лига33452––3862012–13Холандска лига18934––2113Вкупно1002696----10932Андерлехт2012–13Белгиска лига3110––412013–14Белгиска лига2000–1030Вкупно5110--1071Фејнорд2013–14Холандска лига1913120–242Вилем 22014–15Холандска лига291110––3011Карабаг2015–16Азербејџанска Премиер лига2373361–3211Хераклес Алмело2016–17Холандска лига291932––32212017–18Холандска лига–10––10Вкупно291942––––3321Бевененто2017–18Серија А Италијанска лига91–––91Портланд Тимберс (позајмен)2018МЛС лига Американска лига28820––308Беневенто2018–19Серија Б Италијанска втора лига134––101442019–20Серија Б Италијанска втора лига12210––132Вкупно347100010367Кротоне (позајмен)2019–20Серија Б Италијанска втора лига113–––113Вкупно во кариерата278832312812031196

Меѓународени натпревари за Шведска

Од 31 август 2017 година.

Репрезентација Година Настапи Голови Шведска 2017 година 2 1 Вкупно 2 1 Меѓународни голови

Резултатот 1 го наведуваат бројот на голови на Шведска, а резултатот 2 ги претставува головите на играчот.

# Дата Локација на одигрување Противник Резултат 1 Резултат 2 Конкуренција 1. 13 јуни 2017 година Улевал Стадион, Осло, Норвешка 1–1 1–1 Пријателски

Наводи

Надворешни врски

Samuel Armenteros at Voetbal International (На Холандски)

Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Родени во 1990 година