Лазар Блажев Секулоски (1922 во Ботун, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Лазар Блажев Секулоски е роден во селото Ботун. Се занимавал со земјоделие. Во НОБ доброволно пристапил во август 1943 година. Како борец на партизанскиот одред Славеј, загинува во борбите против балистите кај селото Кленоец, на 6 октомври 1943 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Учесници во НОБ