Литија (словенечки: Litija) — град во Средна Словенија. Градот е центар на општината Литија. Се наоѓа во долината на реката Сава, источно од главниот град Љубљана, во историскиот регион Горењска. Градот сега е вклучен во Засавскиот статистички регион.

Историја Литија се разви како трговска станица меѓу Трст, Љубљана и Хрватска. Градот добил пазарни права во 14 век. Во римско време рударството се развило во Литија и останало еден од примарните извори на приход до 1965 година, кога најголемиот од рудниците бил затворен. Во 1849 година австриската јужна железница се проширила до Литија и ја зајакнала нејзината економија значително. Поштата во градот била отворена во декември 1852 година.Savnik, Roman, ed. 1971. Krajevni leksikon Slovenije, vol. 2. Ljubljana: Državna založba Slovenije, pp. 270–272.

Црква лево|мини|Црквата Свети Никола Парохиската црква во населбата е посветена на Свети Никола и припаѓа на Римокатоличката надбискупија Љубљана. Сегашната црква е изградена во 1884 година, а проширена во 1997 година.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Литија на Geopedia

Категорија:Општина Литија Категорија:Градови во Словенија