мини|230x230пкс|Јоаким Бјорклунд Јоаким Бјорклунд (15 март 1971) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата на среден бек. Тој е актуелен помошник тренер во клубот Хамарби во Алсвенскан лигата.

Започнувајќи ја својата играчка кариера со тимот Остерс и тимот на СК Бран, Бјорклунд освоил три шведски првенства, но со тимот Гетеборг пред да започне да настапува за клубовите во шкотската Премиер лига, во италијанската Серија А, во шпанската Ла Лига и англиската Премиер лига. Интернационалец бил помеѓу 1992 и 2000 година. Бјорклунд одиграл 78 натпревари за репрезентацијата на Шведска и бил дел од тимовите што се натпреварувале на ЕВРО 1992, ЕВРО 2000, и во тимот кој завршил на третото место на Светскиот куп на ФИФА 1994 година во САД.

Клупска кариера Бјорклунд преземајќи од младинскиот тим на Остерс ИФ преминал и станал ѕвезда во тимот на норвешки Бран. Тој подоцна бил продаден на клубот ИФК Гетеборг. Таму, неговиот тим постигнал изненадувачка победа од 3:1 над англискиот тим Манчестер Јунајтед во групната фаза од Лигата на шампионите 1994-95, што на крајот му помогнал на тимот да ја освои групата А пред тимот ФК Барселона, Манчестер Јунајтед и Галатасарај. Во четврт-финалето. Бран бил елиминиран од тимот на ФК Баерн Минхен. На крајот на следната сезона, тој заминал во тимот на Виченца во Серија А, а следната година во тимот Ренџерс во шкотски премиерлигаш, за сума од 2,2 милиони фунти. Таму тој ја освоил шампионската титула на Шкотска. Тој подоцна на 20 јуни 1998 година се преселил во тимот на Валенсија за 2,5 милиони фунти и поминал три години во тимот пред да премине во екипата на Венеција во Италија, каде што играл само една сезона. Додека бил во Валенсија, тој му помогнал на тимот да стигне до финалето на Лигата на шампионите на УЕФА 1999-2000 и во 2000-01.

Бјорклунд му се приклучил на тимот на Сандерленд во јануари 2002 година за 1,5 милиони фунти, но не можел да спречи тимот да испадне од првата лига во следната 2002-03 сезона. Сепак, сезоната 2003-04 била многу подобра, бидејќи му помогнал на тимот на Сандерленд да заврши на третото место во Дивизија 1 и да стигне до полуфиналето на ФА Купот. Неговите услуги повеќе не му биле потребни на менаџерот на Сандерленд, Мик Мекарти, па Бјорклунд одлучил да се приклучи на Вулверхемптон Вондерерс, кој штотуку испаднал од Премиер лигата. Тој го напуштил клубот и подоцна се пензионирал по само една сезона. Спречен од повредите одиграл само пет натпревари, а клубот не успеал веднаш да се врати во првата Премиер лига.

Меѓународна кариера Долги години Бјорклунд формирал успешно партнерство во централната одбрана со Патрик Андерсон за шведската репрезентација. Бјорклунд бил избран да настапува на УЕФА ЕВРО 1992, на Светското првенство на ФИФА 1994 и на УЕФА ЕВРО 2000. На Светското првенство во 1994 година, тој му помогнал на тимот да заврши на третото место веднаш зад Бразил и Италија. Тој исто така бил член на шведскиот тим кој се натпреварувл на Летните олимписки игри 1992 година во Барселона.

Поради недостаток на време бидејќи играл за неговиот клуб Валенсија, Бјорклунд бил исфрлен од шведската државна репрезентација за време на раните подготовки во квалификациите за Светското првенство на ФИФА 2002 година. Разочаран од таа одлука тој решил да се повлече од репрезентацијата на неполни 30 години.

Кариера после професионалната кариера Откако ја завршил својата играчка кариера, тој работел како скаут (човек кој ги следи младите играчи) за Валенсија, главно насочени кон нордиските земји.Тој, исто така, работел како специјален стручен соработник за шведскиот Канал+, покривајќи го фудбалот во Ла Лига, (шпанската лига) неколку години.

На 28 јануари 2018 година, Бјорклунд бил назначен за помошник тренер на Хамарби ИФ во Алсвенскан. Тој потпишал едногодишен договор (со опција за уште две) со клубот.

Личен живот Бјорклунд е син на шведскиот фудбалски тренер Карл-Гунар Бјорклунд и татко на фудбалерот Кале Бјорклунд кој игра за тимот на Хамарби ИФ. Неговиот вујко по мајка е Томи Свенсон, менаџер на фудбалската репрезентација на Шведска во периодот од 1991 до 1997 година.

Статистика во кариерата

Меѓународна статистика +Настапи и голови за репрезентацијата по година Репрезентација Година Настапи Голови Шведска 1992 година 9 0 1993 година 4 0 1994 година 18 0 1995 година 8 0 1996 година 8 0 1997 година 8 0 1998 година 6 0 1999 година 7 0 2000 година 9 0 Вкупно 78 0

Наводи

Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалски централни дефанзивци Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1971 година