мини|Мартин Далин во јануари 2014 Ден Мартин Натаниел Далин (16 април 1968) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата напаѓач. Во својата рана младост, тој важел за еден од најдобрите светски напаѓачи.
Започнувајќи ја својата кариера со тимот ФФ Малме во 1987 година, тој бил најдобар стрелец на Алсвенскан во 1988 година. Во својата кариера играл во клубови од Бундеслигата, Серија А и Премиер лигата пред да се пензионира во 1999 година.
Далин бил интернационалец помеѓу 1991 и 1997 година, одиграл 60 натпревари за репрезентацијата на Шведска и бил дел од репрезентацијата на Шведска која завршила на третото место на Светското првенство во фудбал во 1994 година во САД. Ја претставувал Шведска на Летните олимписки игри во 1988 година во Сеул, како и на УЕФА ЕВРО 1992 година. Во 1993 година, тој бил награден со Гулдболен наградата за најдобар шведски фудбалер на годината.
Најрани години Далин е роден во Удевала, Шведска. Татко му потекнувал од Венецуела, бил музичар, а мајка му била швеѓанка. Мартин Далин бил именуван по Мартин Лутер Кинг Џуниор. Иако тој е роден во градот Удевала, своето подоцнежно детство го минал во градот Лунд.
Клупска кариера Во 1993 година, тој бил избран за најдобар шведски играч на годината, освојувајќи ја наградата Гулдболен.
Играл за тимовите на Малме ФФ, Борусија Менхенгладбах, АС Рома, Хамбургер и Блекбурн Роверс. Најуспешниот период во кариерата го поминал со Борусија Менхенгладбах со која го освоил германскиот куп во 1995 година заедно со извонредниот германски репрезентативец и играч од средниот ред Стефан Ефенберг.
Далин подоцна преминал во тимот на Рома, но по кратко заминал во премиерлигашот Блекбурн Роверс и тоа во средината на 1997 година, кога одиграл 21 натпревар за тимот и постигнал четири гола.
Во сезоната 1998-1999, тој одиграл само пет натпревари кога се случила повредата на еден тренинг натпревар со што бил надвор до крајот на сезоната. Тоа било причината за негово повлекување од играта.Сето ова му се случило во 1999 година во новиот клуб од Бундеслигата Хамбургер од Хамбург.Тој во тимот од Германија бил испратен како позајмица.
Блекбурн Роверс подоцна ја обвинил својата осигурителна компанија која сепак одбила да плати оштета за повредата, тврдејќи дека нормалното повредување е нормален процес во фудбалската игра. Иако првичната пресуда била донесена во корист на клубот, сепак во 2005 година повисокиот Апелационен суд ја укинал и ја вратил на повторно разгледување во понискиот суд. На 12 април 2006 година, Врховниот суд пресудил во корист на осигурителната компанија, одлучувајќи дека играчот веројатно имал претходно постоечка повреда и моменталната повреда била како дополнителен ефект од претходната. Оваа одлука Блекбурн го чинела 4 милиони фунти помалку во џебот.
Меѓународна кариера Во 1988 година, Далин станал вториот шведски афро-играч кој ја претставувал репрезентацијата на Шведска. Тој бил во состав на шведската репрезентација која го освоила третото место на Светското првенство на ФИФА 1994 година во САД, постигнувајќи четири гола на турнирот. Учествувал и во тимот кој стигнал до полуфиналето на УЕФА ЕВРО 1992 година.
Пензионирање Далин денес живее во Монако. Тој го позајмува своето име за рекламирање на модна линија за облека. Зборува три јазици – шведски, англиски и германски.
Далин станал спортски агент работејќи за спортската агенција на поранешниот соиграч Роџер Љунг. Потоа формирал своја агенција наречена МД Менаџмент. Тој ги претставува и застапува Ола Тоивонен, Гиљермо Молинс, Маркус Розенберг, Јонас Олсон, Бехранг Сафари и Понтус Јансон.
Статистика на кариерата
Клуб статистика
Извор:
+Сооднос на одиграни натпревари и постигнати голови во лигата и во купотКлубСезонаЛига, одиграни натпревари и постигнати головиКупЛига купКонтинентални натпревари ЕвропскиДругиВкупноЛигаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиМалме ФФ1988Алсвенскан прва шведска лига2117–21171989Алсвенскан прва шведска лига174–1741990Алсвенскан прва шведска лига197–1971991Алсвенскан прва шведска лига2211–2211Вкупно7939007939Борусија Менхенгладбах1991–92Бундеслига12220–00–1421992–93Бундеслига201031–00–23111993–94Бундеслига271242–00–31141994–95Бундеслига241152–00–29131995–96Бундеслига231510–53103018Вкупно1065015500531012758Рома1996–97Серија А3010–00–40Борусија Менхен гладбах (позајмен)1996–97Бундеслига191000–00–1910Блекбурн Роверс1997–98Премиер лига274102200–306Хамбургер СФ (позајмен)1998–99Бундеслига8000–00–80Вкупно во кариерата242103175225310267113
Меѓународна статистика Настапи и голови во репрезентација по година Репрезентација Сезона Натпревари Голови Шведска 1991 година 7 6 1992 година 10 4 1993 година 8 6 1994 година 12 6 1995 година 6 0 1996 година 8 5 1997 година 9 2 Вкупно 60 29 Меѓународни голови постигнати од Мартин Далин
Резултатите 1 го претставуваат бројот на голови на Шведска, а резултатите 2 постигнатите голови на играчот.
#ДатаМесто, стадионПротивнициРезултатРезултатТип на натпревар1.1 мај 1991Росунда стадион, Солна, Шведска4–06–0Пријателски натпревар2.5–03.15 јуни 1991Идротспаркен стадион, Норшепинг, Шведска1–04–0Сканија турнир4.2–05.4 септември 1991Росунда стадион, Солна, Шведска1–04–3Пријателски натпревар6.3–27.7 мај1992Росунда стадион, Солна, Шведска4–05–0Пријателски натпревар8.26 август 1992Улевал стадион, Осло, Норвешка1–12–2Пријателски натпревар9.7 октомври 1992Росунда стадион, Солна, Шведска1–02–0Квалификации за светско првенство во фудбал 199410.11 ноември 1992Рамат Ган стадион, Рамат Ган, Израел2–13–1Квалификации за светско првенство во фудбал 199411.28 април 1993Паркот на принцовите стадион Париз, Франција1–01–2Квалификации за светско првенство во фудбал 199412.11 август 1993Рајвален стадион Борос, Шведска1–01–2Пријателски натпревар13.22 август 1993Росунда стадион, Солна, Шведска1–11–1Квалификации за светско првенство во фудбал 199414.8 септември 1993Васил Левски национален стадион во Софија, Бугарија1–11–1Квалификации за светско првенство во фудбал 199415.13 октомври 1993Росунда стадион, Солна, Шведска1–13–2Квалификации за светско првенство во фудбал 199416.3–117.19 јуни1994Роуз Боул стадион, Пасадена, Калифорнија, САД2–22–2Светско првенство ФИФА 199418.24 јуни 1994Понтијак Силвердом, Мичиген, САД2–13–1Светско првенство ФИФА 199419.3–120.3 јули 1994Котон Боул стадион Далас, Тексас,
САД1–03–1Светско првенство ФИФА 199421.12 октомври 1994Ванкдорф стадион, Берн, Швајцарија2–12–4Квалификации за УЕФА ЕВРО 1996 22.16 ноември 1994Росунда стадион, Солна, Шведска2–02–0Квалификации за УЕФА ЕВРО 1996 23.24 април1996Виндзор Парк стадион Белфаст, Северна Ирска1–02–1Пријателски натпревар24.9 мај 1996Олимпиа, Хелсинборг, Шведска1–02–1Пријателски натпревар25.16 мај 1996Олимписки стадион, Сеул,
Јужна Кореја1–02–0Пријателски натпревар26.1 јули 1996Росунда стадион, Солна, Шведска2–05–1Квалификации за светско првенство 199827.1 септември 1996Даугава стадион, Рига,
Латвија1–02–1Квалификации за светско првенство 199828.8 јули1997Кадриор стадион, Талин, Естонија1–03–2Квалификации за светско првенство 199829.6 јули 1997Малме стадион, Малме, Шведска1–01–0Пријателски натпревар
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Блекбурн Роверс Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Живи луѓе