мини|Локација на нордиските земји и балтичките држави Балтоскандиска Конфедерација или Балтоскандија — геополитички концепт на балтичко-скандинавски (нордиска) сојуз (составен од Шведска, Данска, Норвешка, Исланд, Финска, Естонија, Латвија и Литванија). Идејата била предложена од шведскиот професор Стен де Гер (1886–1933) во списанието Географски Аналер во 1928 година и понатаму се развила од професорот Казис Пакштас (1893–1960), литвански научник од областа на географијата и геополитиката.

Развој на концептот мини|десно|300п|Ојлеров дијаграм што укажува на Балтоскандија меѓу останатите подрегиони на Северна Европа. Пакштас во својата книга Балтоскандинавската конфедерација наведил дека терминот Балтоскандија првпат го употребил Стен де Гер во една статија во „Географски Аналер“ во 1928 година.SCAND 344: The Baltic States and Scandinavia, Spring 2002 Во оваа книга Балтоскандија била опишана во неколку различни димензии: како географска и културна, како економска и како политичка и воена единица.The Concept of Baltoscandia according to Kazys Pakstas before the war and now (in Lithuanian) Казис Пакштас предложил еден од начините за малите народи да го издржат влијанието што доаѓало од големите е да се обединат и да соработуваат поблиску меѓу себе. Како што напоменува, обединување е можно само меѓу народи кои се слични по големината, географската средина, религијата, а меѓусебно треба да се почитуваат и толерираат.

Како што надворешната политика на Литванија се префрлила кон Северна Европа откако Далија Грибаускајте дошла на функцијата претседател на ЛитванијаLithuania looks towards Northern Europe гласовите што го доведуваат во прашање враќањето на идејата за Балтоскандиската Конфедерација се во пораст во државата.Back to Baltoscandia? (in Lithuanian)

Застапување Речиси 20 години, Академијата на Балтоскандија функционирала во Паневежис, Литванија. Основана била на 17 ноември 1991 година како институт за научни истражувања кој редовно организирале аранжмани кои се занимавале со балтичките и скандинавските културни, историски и политички контакти. Нејзините главни цели биле „да се развијат разновидни врски на земјите и нациите во регионот на Балтоскандија и да се интегрира културата на Литванија во културниот простор на Балтоскандија“. Академијата била ликвидирана на крајот на 2009 година поради проблеми поврзани со финансирањето. Финансирањето било обезбедено од градската општина Паневежис, но функциите на академијата не ги задоволуваа критериумите на функциите на споменатата општина.

Поврзано Феноскандија Балтички Регион Нордиски земји

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Региони во Европа Категорија:Балтички држави Категорија:Географија на Скандинавија