мини|Патрик Карлгрен во 2015 Патрик Улф Андерс Карлгрен (8 јануари 1992) е професионален шведски фудбалер кој играл на позицијата голман за данскиот суперлигашки клуб ФК Рандерс.

Клупска кариера Карлгрен напредувал преку младинските тимови на тимот на Самуелсдал ИФ. Тој ја започнал својата сениорска кариера поминувајќи две години во тимот Фалу ФК. Подоцна, играл две сезони за ИК Браге во Суперетан (втората шведска лига), забележувајќи 23 настапи.

Во јули 2013 година, Карлгрен потпишал за клубот АИК од Стокхолм. Својот прв натпревар во првата шведска лига за тимот на АИК во Алсвенскан го имал на 8 мај 2014 година против тимот на Халмстад БК.

Во февруари 2017 година, Карлгрен потпишал со данскиот Суперлигашки клуб ФК Нордсјеланд.

Во јули 2017 година, тој потпишал двегодишен договор со турскиот клуб од Супер Лигата Коњаспор.

На 8 јули 2018 година, Карлгрен се вратил во Данска за да потпише тригодишен договор со тимот на Рандерс ФК. По три години во месец февруари, Карлгрен го продолжил договорот со истиот клуб до 2024 година.

Меѓународна кариера Карлгрен бил дел од шведскиот тим кој го освоил Европското првенство за играчи до 21 година 2015, одбранувајќи два пенали и тоа на португалските играчи Рикардо Есгајо и Вилијам Карваљо во пенал рулетот вофиналето против тимот на моќната Португалија. Претходно натпреварот завршил со резултат 0:0. Финалето се одиграло во Чешка во главниот град Прага .

Тој бил повикан во сениорскиот тим на Шведска во натпреварот против тимот на Данска за плеј-офот на УЕФА ЕВРО 2016 во месец ноември 2015 година. Карлгрен бил играч на тимот на Евро 2016, служејќи како резервен голман зад Андреас Исаксон и Робин Олсен.

Статистика за кариера

КлубСезонаСооднос на одиграни натпревари и постигнати головиНатпревари од купКонтинетални ЕвропскиВкупноЛигаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНатпревариГоловиФалу ФК2009Дивизија 2 Нора Свеланд10——102010Дивизија 3 Содра Норланд50——502011Дивизија 2 Нора Трета шведска лига190——190Вкупно250——250Браге2012Суперетан втора шведска лига8010—902013Суперетан втора шведска лига12030—150Вкупно20040—240АИК2014Алсвенскан Прва шведска лига22010402702015Алсвенскан25010302902016Алсвенскан2804040360Вкупно75060110920Нордсјиланд2016–17Суперлига50000050Коњаспор2017–18Супер Лиг Турска Супер Лига10400050Рандерс2018–19Суперлига37000—3702019–20Суперлига31010—3202020–21Суперлига31050—3602021–22Суперлига1500060210Вкупно114060601260Вкупно во кариера24002001702770

Наводи

 Надворешни врски

Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година