Ларс Рикард „Ласе“ Ериксон (21 септември 1965) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата голман. Тој играл за тимовите на: Хамарби, Норшепинг, Шарлероа и ФК Порто во кариерата што траела помеѓу 1986 и 2001 година. Како репрезентативец играл помеѓу 1988 и 1995 година. Одиграл 17 натпревари за репрезентацијата на Шведска и бил дел од Светското првенство на Шведска во 1990 година, УЕФА ЕВРО 1992 и Светското првенство на ФИФА во 1994 година во САД. Тој исто така го претставувал шведскиот олимписки тим на Летните олимписки игри во 1988 година.
Почетоците на Ериксон Ериксон бил родил и пораснал во Ханинге во округот Стокхолм каде што започнал да игра фудбал во локалниот клуб Венделсо ИК. Тој се преселил во тимот Хамарби ИФ како младинец во 1977 година кога имал 12 години. За време на раните тинејџерски години, тој живеел во странство неколку години заедно со своето семејство пред да се врати повторно во Хамарби играјќи за неговиот Б-тим.
Клупска кариера
Почетни успеси Ериксон го одиграл својот прв натпревар за тимот Хамарби во Алсвенскан лигата во 1986 година, кога имал 21 година, заменувајќи го Марк Вајт како стартер на половина од сезоната. Тој во својот прв натпревар извојувал победа со својот тим од 5:1 против екипата на Калмар ФФ. Екипата на Хамарби примала само 1,2 гола по натпревар во текот на остатокот од сезоната. Тоа било заслуга на нивниот голман Ларс Ериксон.
Тој останал како прв голман на клубот уште две сезони, пред да замине во 1988 година, кога неговиот клуб Хамарби испаднал во Дивизија 1.
Шампион во Норшепинг Пред почетокот на сезоната 1989, Ериксон потпишал со тимот на Норшепинг во Алсвенскан, првата шведска лига. Тимот на крајот на сезоната завршил на второто место за време на регуларниот тек од сезоната, а подоцна во доигрувањето исто така победувал во своите натпревари и така станал шампион на својата држава. Ериксон одбранил два пенали во третиот и решавачки натпревар од финалето против екипата на Малме ФФ, на 15 ноември 1989 година.
Во 1990 година, тој бил награден со наградата „играч на годината“ од страна на Естерјетланд Фудбалскиот сојуз.
Подоцна тој останал да игра уште 5 сезони во тимот на Норшепинг, по што овој тим завршувал во горната половина од табелата. Ларс Ериксон настапувал во секој натпревар за клубот за време на целиот тој период. Тој, освоил две титули во шведскиот куп со популарните „Пекинг“ и тоа во 1990–91 и во 1993–94.
Години во странство На половина од сезоната 1994-1995, тој се преселил во странство за прв пат во неговата кариера, и тоа на 29-годишна возраст. Потпишал за клубот од Белгиската Про лига Шарлероа СЦ во ноември 1994 година. Сепак, тој настапил само во 9 натпревари за тимот пред да се пресели во португалскиот клупски гигант ФК Порто од градот Порто во март 1995 година.
Заедно со Порто бил трипати шампион во Лига НОС во текот на три последователни сезони, и тоа во 1995–96, 1996–97 и 1997–98. Сепак, Ериксон играл релативно малку и се појавил само во 13 натпревари за својот тим. За време на неговиот претстој во клубот тој најмногу бил користен како резервна опција за голманот Витор Баја, Анджеј Вознјак, Силвино Луро и Хенрике Хиларио.
Враќањето во Хамарби За време на полусезоната на Алсвенскан,шведската прва лига во 1998 година, тој се вратил во својата родна земја, потпишувајќи договор со својот прв професионален клуб од минатото клубот на Хамарби ИФ во јули истата година. По враќањето тој имал повреда, и официјалното враќање на Ериксон сепак било одложено до сезоната 1999 година. Тој во наредната сезона бил назначен за капитен на тимот.
Во 2001 година ја освоил Алсвенскан лигата по втор пат во кариерата. Хамарби ја обезбедил титулата со победата против тимот Оргрите ИС на 21 октомври кој бил претпоследниот ден од сезоната за таа година. Бидејќи тој решил да се пензионира по крајот на сезоната, од навивачите на домашниот терен Содерстадион бил јавно пофален заедно со тогашниот менаџер Сорен Крац. И двајцата во наредниот период требало и официјално да го напуштат тимот.
По сезоната, тој бил избран за голман на годината на годишниот избор на Фотболсгалан, (гала претстава на фудбалот во Шведска) чиј домаќин била Шведскиот фудбалски сојуз. Во 2004 година, Ериксон бил избран за шести најдобар играч во историјата на клубот Хамарби.
Меѓународна кариера Ларс Ериксон за прв пат настапил за шведската репрезентација до 21 година против тимот на Англија во 1986 година. Тој подоцна одиграл вкупно15 натпревари за тимот, играјќи ги своите последни настапи за време на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 1990 година.
Ериксон својот прв натпревар за сениорската репрезентација го одиграл на 12 јануари 1988 година и директно придонел за победата со 4:1 против тогашна Источна Германија во градот Маспаломас. Севкупно, тој одиграл 17 натпревари за својата земја до 1995 година, каде често бил како прва замена за легендарниот голман Томас Равели. Учествувал на неколку големи натпреварувања и тоа: Летните олимписки игри во 1988 година во Сеул, Светското првенство во фудбал во 1990 година во Италија ,Светското првенство во фудбал во 1994 година во САД и ЕВРО 1992 година.
Стил на игра Ериксон бил познат голман со добри реакции и рефлекси и моќна игра на гол линијата. Бил забележан и по неговата честа способност да одбранува пенали.
Менаџерска кариера По завршувањето на неговата играчка кариера, тој бил назначен како тренер на голманите во тимот на Хамарби и тоа во 2002 година. На оваа позиција останал до 2007 година, кога бил унапреден во директор за фудбал во наведениот клуб. Сепак, тој бил отпуштен две години подоцна, во мај 2009 година, поради немање резултати и финансиски потешкотии.
Кон крајот на 2009 година, тој му се приклучил на тимот на новоназначениот тренер на шведската репрезентација Ерик Хамрен и тоа како тренер на голманите. Бил дел од персоналот за време на ЕП 2012 во Полска и Украина како и на ЕП 2016 во Франција главно работејќи со шведскиот стартен голман Андреас Исаксон. Оваа функција ја напуштил по завршувањето на првенството.
Наводи
Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1965 година