Свети Илија — гробишна селска црква во азотското село Богомила, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена на западниот крај на селото, односно во горниот дел на селото, со што и го носи името „Горна Црква“.

Историја

Според мештаните, ова е постариот од двата традиционални селски храма. Црквата веројатно потекнува од век.

Архитектура

Претставува мала еднокорабна црква со издолжена полукружна апсида на источната страна. Изградена е од кршен камен.

Од првичната градба сочуван е само олтарниот дел и неговиот фрескоживопис. Подоцна, во продолжение на остатоците од старата градба изградена е трпезарија.

Покривот е на две води. Храмот се состои од два дела — сегашниот олтарен простор вкопан во земјата всушност претставува стара црква, а новиот дограден дел има улога на трпезарија. Пред самата црква се чува оригинална долга камена чесна трпеза, доказ за големата старост на храмот.

Живопис

мини|лево|200п|Фреска на св. Илија во покровителската ниша од XVII век, пресликана во 1872 г.

Во покровителската ниша јужно од западниот влез во олтарот има допојасна претстава на Свети Илија во зелена наметка со одвиткат свиток со црковнословенски текст и гускино перо во рака. Над неговото лево рамо напишана годината 1872, но сината заднина и сигнатурата се пресликани и се наѕира дел од поедноставниот изорен шрифт. Според уметничките одлики, фреската е од XVII век, пресликана од неук зограф на крајот од XIX или почетокот на XX век. Постар живопис (веројатно не постар од оној од 1872 г.) е средишната претстава на Исус Христос на источната страна, дел од правите фигури на светци од првото подрачје и дел од пророците во медалјони во второто.

Во црквата има икона на Свети Илија од 1939 г. (31 × 22 × 1,8) потпишана од славниот мајстор Димитар Андонов Папрадишки. Во Долната црква на селото, наречена „Св. Атанасиј“, се чуваат царски двери и иконостасни икони од XVII век, меѓу кои има и покровителска икона на Вознесението Илиево, за која се мисли дека можеби е земена од иконостасот на црквата „Св. Илија“.

Галерија

Поврзано Велешко архијерејско намесништво Богомилска парохија Богомила

Наводи

Надворешни врски

Богомила