Света Петка – главна селска црква во селото Скочивир.

Местоположба Црквата се наоѓа на влезот од селото во северниот дел на селото, на возвишение коиешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја Црквата е изградена во 1860 година.„Скочивир “. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена пространа затворена припрата. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над југозападниот агол на припратата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е со богат фрескоживопис којшто е во релативно лоша состојба.„Св. Петка село Скочивир – Фото галерија “. Итар Пејо.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта.

Српски воени гробишта На селските гробишта во дворот на црквата се среќаваат и гробови на српски војници кои загинале во Првата светска војна. Гробиштата се наоѓаат во лоша состојба. „Славна историја нашег заборава“. Политика. 26 септември 2009.

Галерија Надворешност и други објекти

Внатрешност

Поврзано Скочивирски манастир Црква „Св. Архангел Михаил“ - Скочивир Црква „Св. Петар“ - Кајмакчалан Скочивир Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Краварско-бачка парохија

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Скочивир Скочивир Категорија:Дела на Кионатската школа