Скочивирски манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во близина на селото Скочивир.
Историја Според преданието, манастирот бил основан во 1870 година по побуда од страна на млада девојка по името Анѓа, која сонила дека треба да преноќи во месноста Џајкова Чука и на тоа место да остави некој нишан. Со тек на време, на тоа место бил изграден мал манастир посветен на Архангел Михаил, до извор од којшто мештаните веруваат дека тече света лековита вода. Во 1967 година, мештаните ја започнале изградбата на манастирската црква нешто погоре од стариот манастир. Манастирската црква била реновирана во 1998 година кога се изградени и манастирските конаци.„Скочивир “. Мој Роден Крај.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, чешма, трпезарија и помошни објекти.
Црква „Св. Архангел Михаил“
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Кон десната страна на храмот, непосредно пред главниот влез, е прилепена камбанаријата.
Галерија
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Скочивир Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија