Осојно Езеро (познато и како: Извирско Езеро) — природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Се  наоѓа  веднаш  под врвот Бачилски Камен и трите природни леднички езера  Бачилско Езеро, Средно Езеро и Долно Езеро на надморска височина  од  1,620  метри. Сместено е во вдлабнатина на стрмна тераса која ги поврзува гребенот Осој на исток и врвот Бачилски Камен на запад. Самото езеро претставува извор на повремен поток кој претставува изворишна челенка на Изворскиот Поток кој пак е изворишна челенка на реката Рибница. Езерото се одликува со бистра вода и има променлив водостој, но воопшто не пресушува, а поради пропусливоста на стрмното земјиште над него прима вода од езерата погоре од него. Именувањето како Извирско Езеро доаѓа од фактот што самото езеро претставува извор и воедно може да е наречено според пределите Голем и Мал Извор, а може да се нарече и Осојно поради блискиот истоимен гребен.

Галерија

Наводи

Категорија:Корапски езера Категорија:Кораб