Марија Шерифовиќ (српски: Марија Шерифовић) (р. 14 ноември 1984) е српска пејачка која се прослави со победата на Евровизија 2007.
Животопис Родена е во Крагуевац, Србија. Нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, е исто така пејачка која е од српско и ромско потекло. Нејзиниот татко, Рајко, е од турско потекло.
Музичка кариера
Албуми
Нејзиниот прв албум е „Нај, најбоља“, издаден во 2003 година, и бил многу добро прифатен. Најголем хит од овој албум била песната „Знај да знам“ компонирана од Дарко Димитров. Летото 2005, таа го издаде синглот „Агонија“, кој бил верзија на грчката супер ѕвезда Деспина Ванди (I Believe It).
Нејзиниот втор албум е „Без љубави“, издаден во 2006, и бил многу успешен. На почетокот на 2007, таа го издаде вториот сингл наречен „Без тебе“. На 28 јуни 2007 таа го издаде албумот наречен „Најдоброто од Марија Шерифовиќ“.
Фестивали
Во 2003, таа настапи на Будва фестивалот со песната „Горка чоколада“, повторно од Дарко Димитров. Во 2004, таа беше дел од истиот фестивал со песната „Бол до лудила“ и зема прва награда.
Концерти
На 21 февруари 2007, Марија Шерифовиќ го одржа својот прв соло концерт во белградската сала Сава Центар, што се смета за голем хит на српската музичка сцена. 4,000 луѓе беа присутни.
Надворешни врски Официјална страница
Видеографија
Спот Година РежисерБол до лудила 2004 У недељу 2005 MTS Beograd Молитва 2007 Шта да заборавим 2009 Vladimir Đukelić Један види све 2010 Харис Дубица Луда глава балканска 2011 Ја волим свој грех 2014 Човек Машина Мрш 2014 Паметна и луда 2015 Storyteller Сама и нервозна 2015 Storyteller Нисмо смели 2016 Петар Пашиќ Чувам се 2016 Своја и твоја 2016 Део прошлости 2016 Андреј Илиќ 11 2017 NN Media Није љубав то 2018 NN MediaНоктурно 2020 Пријатељи 2020 Молитва 2020 Miloš Đukelić Добар вам дан 2022 Милош ШаровиќМој град 2023 Милош Шаровиќ Пола сунца 2023 Милош ШаровиќАЛООО! 2023 Милош Шаровиќ Вози ме 2023 Милош ШаровиќКо броји моје ране 2023 Милош Шаровиќ Иди док те волим 2023 Милош ШаровиќЈа сам 2023 Милош Шаровиќ Другачија 2023 Милош Шаровиќ Демони 2025 Милош Шаровиќ
Категорија:Српски поп пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Крагуевац