мини|Расмус Елм игра за ЦСКА Москва во 2012 Расмус Кристофер Елм (роден на 17 март 1988 година) бил поранешен шведски фудбалер кој игра на позицијата играч од средниот ред. Моментално е помошник тренер на фудбалскиот клуб ФФ Калмар. Во текот на својата кариера играл за тимот на Калмар ФФ во Шведска, за АЗ во Холандија и руската ЦСКА Москва. Елм одиграл 39 натпревари за репрезентацијата на Шведска, а имал и настапи за УЕФА ЕВРО 2012 година. Тој е најмладиот брат во семејството, а останатите двајца се Виктор и Дејвид Елм.
Клупска кариера Почетна кариера мини|258x258пкс| Елм игра за Калмар ФФ Во неговото детство, Елм играл за Јохансфор ИФ и Емабода ИС, пред да потпише во јануари 2005 година за тимот на Калмар ФФ.
Калмар ФФ За четири и и половина години минати во клубот Алсвенскан, Елм одиграл 96 натпревари, а постигнал 17 гола. Додека бил во Калмар, тој му помогнал на тимот да ги освои Купот на Шведска во 2007, Алсвенскан во 2008 и Шведскиот Суперкуп во 2009 година.
АЗ На 27 август 2009 година, Елм потпишал четиригодишен договор со екипата од Ередивизија, АЗ Алкмар. Тој својот прв натпревар го одиграл на 12 септември 2009 година во поразот од 2:1 против тимот на АДО Ден Хаг.
Поранешниот селектор на шведската репрезентација Ларс Лагербек еднаш прокоментирал дека Елм е најголемиот талент што Шведска го имала уште од времето на Златан Ибрахимовиќ. Во првите две сезони од претстојот во АЗ тој страдал од чести повреди и болести. Елм имал успешна сезона 2011-12. Тој успеал да добие неколку награди за играч на натпреварот во текот на таа сезона и бил пофален од страна на новинарите, весниците и навивачите. Пофалбите биле за неговите проигрувања, слободни удари, како и за неговите убави голови.
Елм одиграл вкупно 83 натпревари за тимот АЗ пред да го напушти клубот во текот на летото 2012 година.
ЦСКА Москва На 30 јули 2012 година, Елм потпишал тригодишен договор во Руската премиер лига за тимот на ЦСКА Москва, добивајќи го дресот со број 20. На 21 октомври 2012 година, го постигнал својот прв гол за тимот, откако го реализирал пеналот на домашен терен против Рубин Казан во победата од 2:0. На 3 јануари 2015 година, на Елм му бил раскинат договорот со ЦСКА со заедничка согласност од негова и клупска страна. Овој период му бил повеќе од потребен за да може да се рехабилитира и да се одмори од напорните од тренинзи, но и од долгото стомачно заболување.
Враќање во клубот на Калмар ФФ и негово пензионирање Елм се вратил во тимот на Калмар и Шведска пред да започне сезоната во лигата Алсвенскан 2015 година. На почетокот на 2020 година, Елм го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал, наведувајќи здравствени проблеми поврзани со неговата стомачна болест.
Меѓународна кариера Елм бил капитен на шведскиот тим до 19 години. Во август 2007 година, го имал првиот настап за тимот до 21 година. На 11 февруари 2009 година, Елм го постигнал својот прв гол за шведскиот сениорски тим на пријателски натпревар против екипата на Австрија. Тој ја претставувал Шведска на ЕВРО 2012 во Украина и Полска. На 16 октомври 2012 година, тој го постигнал четвртиот и израмнувачки гол во одличното реми на тимот на Шведска од 4:4во Берлин против Германија во квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2014 година – Група Ц на УЕФА. Швеѓаните губеле со резултат од 0:4 до последните 29 минути од натпреварот кога налетот на тимот со голови бил неверојатен. Голот на Елм бил последен, бил во судиското надополнување и воедно бил израмнувачки за 4:4. Овој натпревар бил прогласен за еден од најдобрите на Шведска во својата историја.
Приватен живот Сите деца од неговата фамилија играле фудбал. Тоа било случај со неговите двајца браќа, но и со неговите сестри. Неговиот брат Дејвид, играл за тимот на Фулам, а неговиот друг брат Виктор, помеѓу другите тимови играл и за холандски АЗ.
Статистика во кариерата
Клупска кариера Објавено на 19 март 2021 година КлубСезонаЛига, Натпревари и головиНатпревари од КупотКонтинентални ЕвропскиВкупноЛигаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиКалмар ФФ2005Алсвенсканпрва шведска лига7000—702006Алсвенсканпрва шведска лига23100—2312007Алсвенсканпрва шведска лига20400—2042008Алсвенсканпрва шведска лига27520203152009Алсвенсканпрва шведска лига19931222412Вкупно9619514210522АЗ Алкмар2009–10Ередивизија прва холандска лига23330002632010–11Ередивизија прва холандска лига28531403562011–12Ередивизија прва холандска лига3210411625213Вкупно831810220211322ЦСКА Москва2012–13Руска премиер лига26530203152013–14Руска премиер лига2104040290Вкупно4757060605Калмар ФФ2015Алсвенсканпрва шведска лига12010—1302016Алсвенсканпрва шведска лига18141—2222017Алсвенсканпрва шведска лига3030—602018Алсвенсканпрва шведска лига19110—2012019Алсвенсканпрва шведска лига200——200Вкупно7229100833Вкупно во кариера2984431430436152
Меѓународни натпревари +Настапи и голови во репрезентацијата по година Репрезентација Година Натпревари Голови Шведска 2009 година 11 1 2010 година 2 0 2011 година 8 0 2012 година 10 2 2013 година 8 1 Вкупно 39 4 # Датум Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар 1. 11 февруари 2009 година УПЦ-Арена, Грац, Австрија 1 – 0 2–0 Пријателски натпревар 2. 11 септември 2012 година Сведбанк Малме, Шведска 1 – 0 2–0 Квалификации за Светското првенство во ФИФА 2014 година 3. 16 октомври 2012 година Олимписки стадион, Берлин, Германија 4 – 4 4–4 Квалификации за Светското првенство во ФИФА 2014 година 4. 6 февруари 2013 година Френдс Арена, Солна, Шведска 2 – 3 2–3 Пријателски натпревар
Наводи
Надворешни врски
Расмус Елм во Калмар ФФ (на шведски)
Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2012 Категорија:Фудбалери на ФК ЦСКА Москва Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година