Свети Никола или Свети Талалеј – главна селска црква во селото Гнеотино.
Местоположба Црквата се наоѓа во краниот северозападен дел од селото.
Историја Црквата е изградена во 1862 година, а била обновена во 1927 година.„Гнеотино “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Храмот има влез на северната страна над којшто има натпис на грчки јазик. Кон западната страна е доградена пространа затворена припрата. Објектот е граден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди, додека припратата е градена од камен и тули. Внатрешноста на црквата е зографисана, а иконостасот е без царски двери и содржи еден ред икони над ѓаконските порти.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига непосредно од десната страна до влезната порта од дворот на црквата. Градена е од камен и во нејзиниот горен дел има по една отворена бифора на секоја страна.
Галерија
Поврзано Гнеотински манастир Црква „Св. Стефан“ - Гнеотино Гнеотино Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Гнеотино Гнеотино Гнеотино