Чука — археолошко наоѓалиште во кратовското село Страцин.
Претставува некропола и могила од римско време.
Во непосредната близина на маалото Тасинци, под ридот Вражиград има ниска могила со пречник во основата од 8 м и височина од 2 м. Видливи се контурите на гробови градени од камени плочи.
Поврзано Вражиград- (Страцин) — градиште од доцноантичко време; Градиште- (Страцин) — градиште од железно време; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи