Блидеш — археолошко наоѓалиште во кратовското село Трновац.
Претставува населба и градиште од неолитско време и доцноантичко време
Помеѓу доловите Блидеш и Забел се издига висока чука. На зарамнетиот врв, со простор од 200 × 150 м, се забележуваат фрагменти од сива и црвена неолитска керамика, фрагменти од покривни ќерамиди и питоси. Во доцноантичкото време била подигната населба заштитена со моќен бедем граден од камен и варов малтер кој денес е зачуван во темелите. Биле откопани неколку питоси што се чуваат кај мештанинот И. Давитков..
Поврзано Градиште — доцноантичко време; Челопек — населба од доцноантичко време; Трновац; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи