Селиште — археолошко наоѓалиште во кратовското село Татомир. Претставува населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селското училиште, во нивите на двајца жители биле откопани неколку питоси, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, и покривни ќерамиди.
Поврзано Грамади — населба од доцноантичкото време; Татомир; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи