Св. Архангел Михаил (или Шарена црква) — црква во делчевското село Драмче. Му припаѓа на Делчевското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.
Црквата е изградена во месноста Еремија на крајот од XVII или почетокот на XVIII век. Претставува еднокорабна градба. Престолните икони се дело на истакнатиот зограф Григориј Пецанов од Струмица. Целосно е живописана во XVIII – XIX век, поради што го носи името „Шарена“, но фреските се уништени поради неколку пожари. На царските двери е напишана годината 1841 кога се правени, но се претпоставува дека иконостасот е многу постар.
Првото селско училиште Во црковниот двор се е наоѓало првото училиште во Драмче, основано во 1869 г. Наставата се одвивала во овој објект сè до 1922 г. кога е изградена нова зграда. Училиштето е затворено во 2009 г.
Празничен собор Секоја година на празникот Архангел Михаил (21 ноември) во црковниот двор се приредува традиционален собор на кој се игра изворното оро од Драмче — Копачка.
Слики
Поврзано Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво
Наводи
Драмче