Св. Архангел Михаил Главатов — средновековна црква во градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.
Црквата е сместена во маалото Стар Конак во центарот на градот. Денес е во дворот на Музичкото училиште. Се споменува во 1378 г. кога браќата властелини Константин и Јован Дејанови му ја подариле на светогорскиот манастир „Св. Пантелејмон“. Подоцна храмот е преправан. Во апсидата има зачувани фрагменти од изворниот фрескопис. Иконите се од XIX век.
Во 1981 г. е извршена санација на црквата.
Поврзано Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Цркви во Штип Штип Главатов