мини|Пример за импактит на Земјата Импактит е карпа создадена или видоизменета со еден или повеќе удари од метеорит. Импактитите се сметаат за метаморфни карпи, бидејќи нивните изворни материјали биле изменети од топлината и притисокот на ударот. На Земјата, импактитите се составени првенствено од изменет копнен материјал, понекогаш со парчиња од оригиналниот метеорит.
Создавање Кога голем метеорит ќе удри во планета, може радикално да ги деформира карпите и реголитот во кој што удира. Топлината, притисокот и силината од ударот ги менуваат овие материјали во импактит. За да се трансформира карпата ударот треба да биде многу силен за да може да се создаде потребната топлина и притисок. Затоа импактите ретко се создаваат.
Одлики Како импактит се вбројуваат: со удар метаморфозирани карпи, стопеници (швабии) и мешавини од двете, како и седиментни карпи кои содржат значителни компоненти добиени од удар (записи од удар врз минерални зрна, тектити, аномални геохемиски записи итн.). Во јуни 2015 година, НАСА објави дека на планетата Марс е откриен стаклен импактит. Таквиот материјал може да содржи зачувани знаци на древниот живот — ако постоел. Импактитите се класифицирани во три групи: видоизменети карпи, стопени карпи и импактни бречи.
Видоизменети карпи Тие се видоизменети од силината на ударот.
Стопени карпи Кога метеор ќе удри на површината од планетата, ослободената енергија од ударот може да ги стопи карпите и почвата и тие стануваат течни. Потоа, течноста се лади и се создава стопена карпа. Ако течноста набрзина се олади и се стврдне, се создава ударно стакло (стаклен импактит) пред атомите да имаат време да се наредат во кристална решетка. Стаклениот импактит може да биде темно кафеав, скоро црн и делумно проѕирен. Понекогаш, оладената течност формира кристална структура. Во таков случај, резултатот ќе биде стопена карпа, но не и стаклен импактит.
Импактни бречи Импактните бречи се формира кога метеор ќе распарчи некоја карпа а потоа ќе ги зацементира распарчените делови во една целина. Некои бречи содржат стопени карпи.
Примери на импактит мини| Алга кратерот на Марс е можно место на кое се зачувани знаци на поранешен живот, по откривањето на наслаги од стаклен импактит. Импактити се пронајдени во следниве ударни кратери:
Удар на Аламо болидот (доцен Девон) од Невада Алга Кратер на планетата Марс Staff (8 June 2015). "PIA19673: Spectral Signals Indicating Impact Glass on Mars". NASA. Retrieved 8 June 2015. Барингер кратер, Аризона.Meteor Crater Bomblets Кратер Шарлевоа во Квебек Кратер Дарвин од Тасманија (од каде потекнува Дарвиновото стакло ) Езерото Лапајарви, Финска (извор на Kärnäite ) Маникуаган кратер во Квебек Кратер Нојгрунд во Естонија Кратер Нордлингер Риес, Германија Кратер Рошучар, Франција Член на Стак Фада, Шкотска Вабарски кратери, Саудиска Арабија
Поврзано Речник на метеорити Хондрит Застаклен песок
Наводи
Надворешни врски Речник на метеоритски кратер
Категорија:Седиментни карпи Категорија:Метаморфни карпи