Свети Пантелејмон — главна манастирска црква на Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, од десната страна на асфалтниот пат кој продолжува кон Рајчани.

Историја

Црквата е изградена во 1885 година под водство на игуменот Мартиниј. Автор на црквата и нејзиниот иконостас е големиот градител и зограф Андон Китанов.

Во 1988 година, на барање на митрополитот Стефан Брегалнички (подоцна архиепископ на МПЦ-ОА), Заводот за заштита на спомениците извршил подробна реставрација на покривната конструкција, кубињата и фреските.

Архитектура

Градбата претставува трикорабна базилика со три куполи.

Фрескоживопис

Живописана е од прочуениот зограф Димитар Андонов Папрадишки во периодот од 1888 до 1892 година. Во црквата заедно со Папрадишки работел Петар Николов од Ораовец.

Икони и иконостас

Иконите на иконостасот се на Димитар Андонов Папрадишки, додека иконостасот е дело на градителот Андон Китанов.

Галерија

Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Спанчевска парохија Пантелеј

Наводи

Надворешни врски

Пантелеј Категорија:Дела на Дебарската школа Категорија:Пантелејски манастир