мини| Народната библиотека „Иван Вазов“. Народната библиотека „Иван Вазов“ () ― библиотека сместена во вториот по големина град во Бугарија, Пловдив. Името го носи по познатиот бугарски писател и поет Иван Вазов.

Таа е втората по големина библиотека во државата која содржи повеќе од 1.500.000 книги. Библиотеката е исто така втора најстара во Бугарија, основана во 1879 година. Во 1974 година била преместена во нова зграда јужно од Градската градина. Библиотеката се состои со 134 вработени, вклучувајќи 90 висококвалификувани специјалисти и истражувачи.

Надворешни врски

Народна библиотека „Иван Вазов“ - Службено мрежно место Категорија:Национални библиотеки Категорија:Библиотеки во Бугарија Категорија:Управување со Бугарија Категорија:Згради и градби во Пловдив Категорија:Култура во Пловдив Категорија:Образование во Пловдив Категорија:Појавено во 1879 година