Адријановата библиотека ― библиотека создадена од римскиот император Адријан во 132 година н.е. на северната страна на Атинскиот акропол.
Зградата следи типичен архитектонски стил на римски форум, со само еден влез со пропилон од коринтски ред, висок околени ѕид со испакнати ниши (ојки, екседрае) на својата долга страни, со внатрешен двор опкружен со столбови и украсен триаголен базен во средината. Библиотеката била на источната страна каде биле чувани свитоци од „книги“ од папирус. Соседните сали биле користени како читални, а аглите служеле како сали за предавања.
Библиотеката била сериозно оштетена од херулската инвазија во 267 година и поправена од префектот Херкулиј во 407–412 година н.е. Во средновековното римскпо време, на местото биле изградени три цркви, чии остатоци се зачувани:
тетраконх (5 век н.е.) трикорабна базилика (VII век) и едноставна катедрала (12 век), која била првата катедрала во градот, позната како „Голема Девица“. .
Приближно во истиот период со катедралата, на северната фасада била изградена друга црква, Свето Асомат Скалиски, но таа не е зачувана.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Старогрчки згради и градби во Атина Категорија:132 Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Библиотеки во Грција Категорија:Антички библиотеки Категорија:Адријан