„Омбре“ (шпански: Hombre = човек) – американски филм од 1967 година, во режија на Мартин Рит (Martin Ritt) по сценариото на Ирвинг Равеч (Irving Ravetch) и Хариет Френк Јуниор (Harriet Frank Jr.), засновано на романот на Елмор Леонард (Elmore Leonard). Главните улоги ги толкуваат: Пол Њуман (Paul Newman), Фредрик Марч (Fredric March), Ричард Бун (Richard Boone), Дајен Клиенто (Diane Cliento), Барбара Раш (Barbara Rush), Камерон Мичел (Cameron Mitchell) и Мартин Балсам (Martin Balsam). Филмот претставува добар пример на примената на новите тенденции во развојот на вестернот како филмски жанр. Во него, последен пат (седми во низа) соработувале режисерот Рит и славниот глумец Пол Њуман.HRT, Hombre, američki film (пристапено на 4.12.2021)

Синопсис Џон Расел (го игра Њумен), познат под прекарот Омбре, го одгледале Апачите во Аризона. JЕден ден, тој дознава дека наследил станбена зграда во блискиот град и одлучува да ја продаде за стадо коњи. Поради тоа, со кочија заминува во поголемиот град. Надвор од градот, тој и останатите патници се ограбени, но благодарение на него, патниците успеваат да се спасат и да побегнат со малку вода, пари и муниција...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмови на Мартин Рит Категорија:Филмови со Пол Њуман Категорија:Филмови со Фредрик Марч Категорија:Филмови со Ричард Бун Категорија:Филмови со Дајен Клиенто Категорија:Филмови со Барбара Раш Категорија:Филмови со Камерон Мичел Категорија:Филмови со Мартин Балсам