Света Троица (или Свети Дух) — главна селска црква во кочанското село Нивичани, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во Славејско Маало, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Црквата е изградена во 1864 година за време на службувањето на свештеникот Василиј. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.
Архитектура Икони и иконостас
Во 1874 година, икони за црквата изработил самоковскиот мајстор Захариј Доспевски, а во 1889 година други икони насликал видниот зограф Димитар Андонов Папрадишки.
Галерија
Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Спанчевска парохија Нивичани
Наводи
Надворешни врски
Нивичани Категорија:Дела на Дебарската школа