Полидевк, или Сатурн XXXIV, е мал природен сателит на Сатурн кој е коорбитален со месечината Диона и се наоѓа околу нејзината задна Лагранжова точка (). Нејзиниот пречник се проценува дека изнесува 2 до 3 км. Другата коорбитална месечина на Диона е Елена, која е поголема и се наоѓа на предната точка L4.
Полидевк била откриена од страна на Касини тимот задолжен за сликање на 24 октомври 2004 годин, на сликите направени на 21 октомври 2004 година, и ѝ дале привремена ознака S/2004 С 5 . По прегледувањето на сликите од Касини ја забележале месечината Полидевк на сликите направени уште на 9 април 2004 година.
Од четирите познати Лагранжови коорбитали во системот на Сатурн („тројанска месечина“), Полидевк лута најдалеку од својата Лагранжова точка: неговото растојание зад Диона варира од 33,9° до 91,4° со период од 790,931 дена (за споредба, ја следи Диона на 60°). Либрацијата на Полидевк е доволно голема за да има некои своства на полноглавска орбита, што се потврдува со јасната асиметрија меѓу излетите кон и од Диона. Во текот на еден таков циклус, орбиталниот полупречник на Полидевк исто така варира за околу ± 7660 км во однос на Диона.
Името Полидевк било одобрено на 21 јануари 2005 година од Работната група на МАС задолжена за именување на планетарни системи. Во грчката митологија, Полидевк е друго име за Полукс, брат близнак на Кастор, син на Зевс и Леда.
Поради гравитациското дејство со Диона, нејзината површина може да биде во хидростатичка рамнотежа. но не и нејзината внатрешност, слично како што Метона е во хидростатичка рамнотежа поради интеракциите со Мимант. лево|мини| Анимација на орбитата на Полидевк во однос на Сатурн и Диона</br>
Поврзано Месечините на Сатурн
Забелешки
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски Профил на Полидевк од Истражувањето на Сончевиот Систем на НАСА Работна група на IAU за номенклатура на планетарен систем Соопштение за вести на Касини за откритијата на прстените и месечината, преку Spaceflight Now (24 февруари 2005 година)
Категорија:Астрономски тела откриени во 2004 година Категорија:Сатурнови месечини