Елена (околу 1310 — 1374) била бугарска благородничка и српска кралица а потоа и царица, сопруга на Стефан Душан (крал 1331 — 1346, цар 1346 — 1355) и мајка царот Урош (1355—1371).
Биографија Елена била ќерка на деспотот Страцимир и Кераца Петрица, родена околу 1310 године. Нејзиниот брат, Јован Александар (1331—1371), станал бугарски цар во 1331 године, после државниот удар во кој од власта биле отфрлени душановата тетка Ана Неда и нејзиниот син Јован Стефан (1330—1331). Тие биле поставени на власт во склоп на мировниот договор кој го склопиле Србија и Бугарија, после битката кај Велбужд (1330), во која загинал бугарскиот цар Михаил Шишман (1323—1330), таткото на Иван Стефан и мажот на Ана Неда.
Истата година и Душан извршил државен удар и го отфрлил од власт својот татко, Стефан Дечански (1322—1331). Елена и Стефан Душан се венчале најверојатно на 26 април 1332 година (Томина недела) во Скопје, а односите помеѓу двете држави останале добри до крајот на владеењето на Душан. Денес се смета дека во бракот со Душан имала едно дете, синот Урош, додека некои автори сметаат дека имале и ќерка.
По смртта на сопругот, царот Душан во 1355 година, Елена се закалуѓерила како монахиња Елисавета и со синот ја завршила изградбата на манастирот во Матејче кај Куманово.
Белешки
Категорија:Македонија во средниот век Категорија:Починати во 1374 година