Свети Никола — главна селска црква во струшкото село Присовјани, Македонија.

Местоположба

Црквата е гробиштен храм сместен на југозападниот крај на селото. Околу црквата има рамен простор наречен и Сретсело, каде мештаните го прославуваат Атанасовден.

Историја

Според ктиторскиот натпис над вратата на јужниот ѕид, храмот бил изграден во 1852 година.

Фрескоживопис

Црквата била живописана од Аврам Дичов во 1874 година. Тој е автор и на натпрестолниот крст со Распетието.

На долгиот ктиторски натпис над влезната врата се наведени имињата на мештаните заслужни за зографисувањето, како и на охридскиот митрополит Натанаил и на мајсторот Аврам Дичов.Цветковски, Сашо. Аврам Дичов, Струга, 2011, с. 19.

Икони и иконостас

Царските двери се од средината на XVI век и се дело на истакната работилница која дејствувала на територијата на Охридската архиепископија. Други дела на истата работилница се царските двери на „Прев. Богородица Перивлепта“ во Охрид (денес во Националниот историски музеј во Софија), дверите од „Големи Свети Врачи“ во Охрид (денес на иконостасот на „Пресв. Богородица Перивлепта“), дверите од непозната црква во Охрид (денес во Народниот музеј во Белград), дверите во „Св. Никола“ во Кореница, дверите од „Свети Ѓорѓи“ во Горна Влашка Маала во Охрид и дверите од „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, Скопје.

Галерија

Поврзано Дебарско-кичевска епархија Струшко архијерејско намесништво Прва струшка парохија

Наводи

Надворешни врски

Присовјани Категорија:Дела на Дебарската школа