Лазар Белички бил македонски револуционер, деец на ВМОРО.
Животопис Лазар Белички е роден во кичевското село Белица. Се присоединил кон ВМОРО, и станал дел од четата на Арсо Мицков. Од јануари 1905 година е војвода во кичевско, при што води битки против српската пропаганда. Загинал на 12 октомври 1905 година со целата чета во битка против турците кај крушевското село Пуста Река.
Наводи
Категорија:Починати во 1905 година Категорија:Дејци на ВМОРО