Сувак — археолошко наоѓалиште во атарот на селото Крајници, Македонија. Претставува некропола од римското време. На околу 300 метра јужно од селото, при изведување на земјоделски работи е откриена некропола од каде потекнува и еден релјеф со натпис на грчки јазик. Се чува во Народниот музеј во Велес.

Поврзано Градиште — населба од доцноантичкото време; Манастирче — некрополоа од римското време; Мрамор — населба од доцноантичкото време; Припор — населба од средниот век; Крајници; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.

Наводи

Категорија:Крајници (село)