Св. Атанасиј или Св. Атанас — црква во ресенското село Болно, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Храмот е старата гробишна црква на селото и е се наоѓа на северниот крај на Болно. Изграден е во 1846 година по почетокот на Танзиматот. Обновен е во периодот меѓу двете светски војни, и повторно во 1988 година.
Галерија
Поврзано Трета ресенска парохија Ресенско архијерејско намесништво Црква „Св. Наум Охридски“
Наводи
Болно