Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Смолевскиот манастир во битолското историско село Смолево, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа јужно од градот Битола, крај познатата мотокрос-патека. Таа е единствената зачувана градба од поранешното село, сместено меѓу Лавци и Буково на планината Баба.
Историја
Храмот бил подигнат на 11 октомври 1859 година од страна на Калина Јосиф Скантели за време на пелагонискиот владика Венедикт. Црквата за време на Првата светска војна била целосно уништена.
Црквата била обновена откако бил затворен некогашниот воен полигон на ЈНА од страна на мештани од соседното село Лавци.
Според натписната плоча кај главниот влез, црквата била реосветена на 9 мај 2009 година.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Седумнаесетта приградска парохија Лавци
Наводи
Надворешни врски
Смолево Категорија:Смолевски манастир