„Свјат Dreams“ —е втор албум на македонската рок-група „Мизар“. Името го добил според песната на Eurythmics - Sweet Dreams (Are Made of This). Снимен е во 1991 година, со постава: Горан Таневски (вокали), Горазд Чаповски (гитара), Борис Георгиев (тапани), Сашо Крстевски (бас гитара) и Катерина Велјановска (клавијатури). Меѓу останатите, на „Свјат Dreams“ се наоѓа и преработката на македонската народна песна „1762 лето“, како и песната на Ристо Вртев (првиот вокал на Мизар) - „Дом“. Албумот содржи 10 студиски песни, 2 демо снимки и 1 песна во живо.
Песни на Свјат Dreams
1762 лето Глас Думање Дом Велигден Свјат Dreams Да пеам песна Отров во вените Обичен човек Абја Мем Да пеам песна Старееш (демо) The Fog (една од првите песни на Кисмет)
Категорија:Албуми на Мизар Категорија:Македонски дела од 1991 година