Владајска Река — река во Бугарија, Софиска Област, лева притока на Перловска Река од сливот на Искар. Една од 7-те реки што течат низ Софија. Долга е 37 км.
Владајска извира околу 300 м северозападно од Черни Врх на надморска височина од 2245 м. Тече северозападно, минува низ областите „Торфено Браниште“ и „Златни Мостови“ и се спушта низ длабока, стрмна и пошумена долина до селото Владаја. Во селото реката свртува североисточно, влегува во Софија, преминувајќи ги населбите Књажево, Карпужица и Овча Купел и индустриската зона „Средец“. Оттаму влегува во средишнуот дел на градот. Под Манастир Обрадовски, се влева одлево во Перловска Река на надморска височина од 515 м, 500 м пред нејзиниот влив во реката Искар.
Категорија:Географија на Софија Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Координати на Википодатоците