Св. Ѓорѓи — црква во демирхисарското село Боиште. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Храмот е граден во две фази. Првата е од 1850 година, што е означено над влезот.

Црквата има правоаголен облик со седумстрана апсида на запад, која е покриена архитравно. Западниот влез е обликуван со релјефни камени пиластри и над него има камен релјефен крст. Апсидата, венецот, окната и аглите се изградени од делкан бигор. Покривот е калкански, првично покриен со камени плочки, а подоцна со ќерамиди. Таваницата внатре е со штици и опшивни лајсни. Северниот и јужниот ѕид се живописани со фрески во 1878 година.

Поврзано Сопотничка парохија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Боиште