Награда „Петре М. Андреевски“ — книжевна награда од Фондацијата „Рамковски“ која се доделувала за најдобар роман на републичко ниво.
Наградата била востановена во 2007, една година по смртта на големиот македонски писател Петре М. Андреевски и траела сè до згаснувањето на Фондацијата.
Прв добитник на наградата бил Кире Илиевски со романот „Мемоарите на Алберт Ајнштајн“, а последен Стефан Марковски, кој во 2009-та ја добил наградата на свои 18 години со романот „Еднонасочно“.
Наводи
Категорија:Награди:Книжевност:Македонија Категорија:Македонски литературни награди