Свети Димитриј — главна селска и гробишна црква во битолското село Лажец, Македонија.

Местоположба

Црквата е гробишен храм, подигната на извесно растојание североисточно од селото.

Историја

Црквата била подигната во 1861 година, а обновена во 1996 година.

За време на Првата светска војна, бугарската војска во црковниот двор го погребала нивниот потпоручник Фердинанд Доротоев (Доротеев) Попов, загинат на 6 октомври 1916 г. во преспанското село Р’мби.ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 446, л. 2, 3; а.е. 279, л. 76

Архитектура

Претставува голема трикорабна базилика со затворен трем на западната и јужната страна кој има заеднички покрив. Над западниот дел има камбанарија.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Лажец

Наводи

Надворешни врски

Лажец