Драгошки манастир — манастир во близина на битолското село Драгош. Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина и непосредно на самата гранична линија со Грција.

Местоположба

Манастирот се наоѓа јужно од селото, покрај државната граница.

До манастирот води асфалтен пат, кој започнува од сретселото на Драгош.

Историја

Манастирот бил подигнат во текот на XIX век.

Во 1903 година, манастирот бил запален, па наскоро обновен. До 1912 година бил доста познат манастир, така што на манастирската слава (Илинден) доаѓале гости од леринските села Опсирино, Света Петка и Раково, а некои дури и од Солун.

Сè до крајот на отоманското владеење манастирот бил во Мегленската митрополија под врховенството на Цариградската патријаршија.

Манастирот имал малку земја и стока, која после Втората светска војна била дадена на селската задруга.

Манастирот бил обновен во XX век.

Драгошкиот манастир во 1916 г.

Градби во манастирот

Манастирот е составен од црквата „Св. Илија“, камбанарија, конак и помошни објекти.

Црква „Св. Илија“

Црквата била подигната во текот на XIX век.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Св. Илија – манастир во близина на село Драгош — напис на Bitola Info со слики од манастирот Галерија на слики од манастирот — Маркукуле

Категорија:Драгош Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Битолското архијерејско намесништво