Битка кај Лангензалца — битка одржана на 27 јуни 1866 година за време на Австро-пруската војна, во близина на Бад Лангензалца во денешна Германија, помеѓу Кралството Хановер и Кралството Прусија. Хановерската армија победи во битката, но потоа беа опкружени со поголема и засилена пруска војска. Не можејќи да се поврзат со нивните баварски сојузници на југ, Хановерците се предале.
Тоа го означи пропаста на хановерската армија и анексијата на Хановер во растечката Пруска држава, која систематски ја обедини Германија во модерна национална држава.
Категорија:Судири во 1866 година Категорија:Битки на Прусија